Skip to main content

Концерт на Ван Гог во Охрид

При крајот на концертната сезона во Охрид, на плажата во Парк настап на групата Ван Гог.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого
При крајот на концертната сезона во Охрид, на плажата во Парк настап на групата Ван Гог.

presОрганизаторите на концертот најавуваат мега музички спектакл со најдобар сараунд. Додека трае концертот ќе се снима и спот кој ќе се прикаже на ЕМ ТИ ВИ Мјузик Аворд.

Легендарните српски рокери “Ван гог”, вечерва ќе одржат концерт во Охрид, на плажата пред хотелот “Парк”. Журката треба да започне на полноќ, а фронтменот Ѓуле и членовите на бендот пред Охриѓани и туристите ќе ги промовираат песните од новиот албум “Лавиринт”.
Ван Гог, во Охрид не доаѓаат само за концертот. Нивниот настап ќе се искориси за снимање на спот кој треба да се прикаже на ЕМ ТИ ВИ Мјузик Аворд. Спотот ќе го работи “Кумевбрадарс продакшн”.
Групата секаде каде што настапува снима свој видео мартијал, кој подоцна се емитува на нивната телевизија. Во 2003 год, снимија документарен филм за нивниот албум Дерен АНДЕР. Подоцна на престижниот фестивал во МОНТ Ре за филмот добија Златна Ружа. За концертот е подготвена специјална видео сценографија. “Ван Гог” на доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите во Минхен, Германија, ја добија наградата за најдобри изведувачи од Адриа регионот.  Прв пат турнеја во преку океански земји, ВАН ГОГ направија во 2003 год. кога настапија во Америка и Канада. Концертот вечерва започнува на полноќ.

{loadposition content9}