Skip to main content

Каде ни се одмараа пратениците

Пратениците ги очекува жешка есен. Пред да ги изгласаат законите клучни за влез на земјава во Европската унија.

 |  Валентина Нелоска  | 
pratenici
пратеници
Пратениците ги очекува жешка есен. Пред да ги изгласаат законите клучни за влез на земјава во Европската унија.

prateniciЗаминаа на одмор. Истражувавме даде летуваа  Охридските народни пратеници. Некои  летуваа во странство, а некој останаа дома. Заедничко на сите им е што очекуваат консензуално донесување на преостанатите Закони.

Петте парламентарци од Охрид, скратениот годишен одмор го поминаа дома, а некои сепак тркнаа до  туристичките дестинации во соседните земји. Пратеникот на Вмро Дпмне, Владо Стефаноски заедно со своето семејство неколку дена од својот одмор поминал на Јонското море, во Саранда, Албанија. Бил во кратка обиколка и на албанските градови Перат, Драч и Елбасан. Во Собранискиот дом од понеделник, пратениците ги очекува донесување на  трите закони, клучни за влез на земјава во Европската унија.
Законите  за собрание,  државни службеници, и финансирање на политичките партии, Стефаноски  очекува од понеделник да бидат без проблем донесени.

Томислав Чингоски, пратеник од  СДСМ летниот одмор го поминал во Охрид со своето семејство. Неговото очекување е Законите да се донесат со консензус.

Анита Кипаризоска Крстеска , пратеник од Вмро Дпмне со своето семејство летувала во Млин, до Дубровник . Кипаризоска смета дека ќе се најде политички консензус од сите политички партии.

Пратеникот од Вмро Дпмне, Цветко Грозданов  својот годишен одмор  го поминал со своето семејство во Охрид иработно во средби со граѓаните. За изгалсување на трите клучни закони вели иако на лидерската средба е постигнат договор за консензус сепак треба да видиме што ќе се случи.

Александар Николоски од Вмро Дпмне дел од својот одмор поминал во Хрватска.Бил во Загреб, на концертот   на У2 и на островот Хвар. Дел од одморот  поминал и во Охрид. Според него законите за финасирање на полтичките партии и за државни службеници ќе бидат изгласани со конзензус, додека Законот за собрание,  во делот на  Деловникот за работа, треба да претпри некои дополненија сугерирани од опозицијата вели Николоски.Негови најоптимистички очекувања се да завршат со изгалсување на Законите најдоцна до 15 септември, кога треба да се заврши извештајот на Европскат унија.

{loadposition content9}