Skip to main content

Одбележан денот на АРМ во Охрид

На 03.06.1993 пред 16 години беше оформена македонската армија. По тој повод денеска во касарната Михајло Апостолски се одржа пригодна свеченост.

 |  Билјана Николовска  | 
Со химната на Р Македонија и подигање на знамето, Македонската армија денес го одбележа своето 16 годишно постоење. Таа како самостојна армија на Р Македонија е во улога да одговори на поставените задачи согласно потребите на воено стратешки план на државата. Армискиот полигон денеска со околу 300 војници беше во знакот на одбележување по повод годишнината. Капетанот на армијата во Охрид Латкоски Боро, истакна дека, иако се редуцирани подготвени се за предизвиците со кои треба да се соочат. Касарната е голема и има место за повеќе војници додаде тој.

Армијата и одбележувањето на нејзината годишнина некогаш и денес, имаат препознатливи карактеристики. Тое е државноста и заедништвото вели Илија Балоски учесник во НОВ од Струга. Тој додаде дека историјата не треба да се негира.
Нашата армија иако е мала, таа е мобилна, подготвена да одговори на потребите на стандардите на НАТО, што е докажано со учество на мисиите во Авганистан и Ирак. На свеченоста беа доделени признанија и награди на заслужни војници, истакнати по своите активности во задачите на армијата.