Skip to main content

До кога ќе има камиони со лубеници по улиците?

Комуналната инспекција најави дека конечно ќе стави крај на дивите продавачи на овошје и зеленчук на улиците низ градот.

Комуналниот инспекторат во соработка со полицијата, најави дека ќе стави крај на сезонските продавачи на овошје и зеленчук.„ Во споредба со минатите години, нивниот број е значително намален, но сепак ваквата продажба не е во согласност со законот и имаме намера навистина да ставиме крај на оваа појава“, вели комуналниот инспектор Танаскоски.

„Се согласуваме дека овој начин на продажба не е во ред“, велат производителите и тврдиме дека доколку ни се овозможи локација каде регуларно ќе можеме да продаваме, ние тоа без проблем и ќе го сториме“.„ Во речиси сите градови во земјава постојат кванташки пазари, но во Охрид ги нема“, велат тие. „Спремни сме да платиме давачки за одредена локација и потоа да можеме мирно да спиеме, бидејќи вака сме постојано под стрес. Се плашиме дали ќе помине полицијата и како ќе поминеме, а со нас имаме и деца па тоа дополнително ни ги зголемува маките. Работиме напорно цела година за овој краток период кога можеме да ги продадеме нашите производи. Со ова малку заработка скромно ги издржуваме нашите семејства и мислам дека е грев да ни го кинат парчето леб“, велат производителите.
Граѓаните согласни со маката на производителите.„ Во сиот урбан хаос кој се случува во Охрид, ова е единствена можност, во местото каде живееме да се снабдиме со свежи производи“, велат тие.
„Упатуваме апел до надлежните луѓе во градов, конечно да изнајдат решение за ваквите импровизирани пазаришта и да ги локализираат на едно место“, велат граѓаните.„ Со нивните пари ќе се полни општинската каса, а и трговците ќе бидат спокојни“, велат тие.