Skip to main content

Нов стамбено деловен комплекс во Охрид.

Одобрението за градба е на разгледување кај второстепена владина комисија. Новиот комплекс или осмата урбана заедница е вреден околу 70 милиони евра.

 |  Татјана Маленкова  | 

Триесеттина згради ќе никнат На просторот кај некогашниот ресторан “Охридија” во близина на Бензинската пумпа. Деталниот урбанистички план за оваа Урбана заедница беше донесен при крајот на минатата година,но градбата беше стопирана од страна на министерставата за локална самоупорава и транспорт и врски.
Постапката околу одобрување на градба во Осмата урбана заедница кај некогашна “Охридија” е во тек.Тоа го разгледува второстепена владина комисија,изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски,по средбата што со премиерот Никола Груевски ја имаше со градоначалникот Александар Петрески.
Неофицијално дознаваме дека испитувањето на теренот кај Осмата урбана заедница го направиле инвеститорите на сопствен трошок преку Управата за заштита на културното наследство. Доколку се реализира овој зафат кој ќе чини околу 70 милиони евра, локалната само од комуналии ќе обезбеди околу 10 милиони евра.