Skip to main content

Охридскиот регион идеален за производство на здравa храна

Доколку сакаме здрава храна треба да користиме биохумус, наместо хемикалии, велат производителите на здрва храна.

 |  Татјана Маленкова  | 

Идeјата на екологистите за производство на здрава храна, ја поткрепија и експертите. Нивниот заеднички труд, резултира со проект за производство на здрава храна без уништување на природата.
Охридскиот регион е идеален за производство на градинарски производи, поради исклучително добрата клима која ја има. Денеска тренд во светот е се она што се променало во земјата со користењето на агрохемијата да се поправи. „Ако некој човек има способност да прави добри работи за себе, тоа траба да го направите за сите. Нашиот проект се заснова на вметнување на бактерии во земјата, наместо минералното ѓубриво“, вели Борче Стојаноски од еколошкото друштво Грашница.
„Здравата храна треба да биде бренд на Охрид. Растенијата најдобро да се развиваат без уништување на природата во функција на производство на здрава храна“, вели Ванчо Стојаноски, производител на здрава храна.
Агрохемијата доведе до дебаланс на хранливите материи во почвата, така да примената на микробиолошките ѓубрива значат, земеното од природата и повторно да се вратат назад.
„Минералното ѓубриво, треба под итно да се замени со природно“, вели проф. Стеван Бошњак, член на париската академија на уметностите и партнер на проектот.
Преку органското производство на храна се заштитуваат и водите, бидејки се намалува истекувањето на нитрати од  микробиолошките ѓубрива во земјата.
Производството на здрава храна се спроведува во три фази. „Првата е внесување на живи организми во земјата. Коктел од 6 бактерии се меша со земјата и ги заменува вештачките ѓубрива. Оваа постапка се применува во многу земји преку 10 години. Азотот од воздухот растенијата го добиваат искучиво преку посредниците, бактериите.
Втората фаза е чување на влагата во земјата. Хидрогелот кој го користиме, направен е од полимери кои ја чуваат влагата на растението 150 пати подолго.
Третиот сегмент е биолошка дезинфекција на земјиштето“, вели проф. Бошњак. Тој додава дека за да се произведи здрава храна треба земјата да се третира на овој начин максимум три години. Додека фазата на преминување на прозводство на храна од здрава во органска трае многу подолго.