Skip to main content

Сараиште го добија охриѓани, но никој не знае до кога

Битката за Сараиште ја добија Охриѓани.

 |  Татјана Маленкова  | 

Останува отворена дилемата дали решението за поништување на концесијата за плажата, министертвото ја донесе од траен карактер, или времено, додека се смират страстите. Градоначалникот вели „Се би било  полесно, доколку локалната одлучува за концесионирањето на плажите“.

Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за давање на плажата кај Сараиште под концесија. Оваа одлука доаѓа по низа реакции упатени до министерот од граѓаните, иницијативниот одбор за спас на Сараиште, градскиот совет  и градоначалникот Александар Петрески, за значењето на ова место за охриѓани.
По објавувањето на веста за поништување на концесијата, во охридските кулоари се наметна прашањето дали одлуката е од траен или времен карактер.
Градоначалникот се радува на овој момент но незнае што понатаму. „Сега концесијата што се даде се поништи. Дали после два месеци ќе дадат нова концесија тоа не знаеме. Ние се бориме што побрзо да ги добиеме концесиите. Се надеваме дека кога ќе влаземе втора фаза на децентрализација ќе ги добиеме и тие ингеренции и ние ќе одлучуваме кога и што ќе се издава под концесија,вели градоначалникот Петрески.
Во соопштението од Министерството за транспорт и врски, стои дека одлуката за поништување на концесијата е донесена откако второстепена владина конисија при Министерството ги разгледала барањата на жителите од месноста Сараиште, во врска со постапката за давање на оваа плажа под закуп.
Во продолжение на истото стои и дека го повикуваат и градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески, да постапи согласно своите законски надлежности и да ги отстрани дивите шанкови кои се поставени на брегот на плажата, со што, како што се вели во соопштението, во целост би се исполнило барањето на жителите, така што овој простор ќе се користи од страна на сите граѓани, без да се наруши неговата автентичност. Петрески вели „таму нема ни еден див шанк. Јас ветив дека се што е диво ќе се отстрани, додава градоначалникот.
„Во моментов подготвуваме идејно решение, со кое простророт кај Сараиште ќе го уредиме како што му доликува“, вели Петрески.Тој додава дека овој потег стана уште поатрактивен со манифестацијата денот на рибарите која спонтано почна да се одржува таму, а последниве години стана вистинска атракција, како за Охриѓани така и за гостите.