Skip to main content

Ќе се прави пешачка патека до Потпеш

Потпеш заслужува да го видат сите.На ова место, најчасто се стигнуваше по воден пат.

 |  Татјана Маленкова  | 

Наскоро ќе има пристап и по копно. Ќе се прави пешачка патека која ќе ги поврзе Грдано и Потпеш. Туристите видно задоволни од иницијативата за поврзување на плажата со брегот кај црквата Св. Софија.
До Потпеш ќе се стигнува и од вода и од копно. Мостот кој што ќе се гради помеѓу Грдано и Потпеш е идејно решение на Митко Пандо. Тој вели потребата од ваква пешачка патека е повеќе од неопходна бидејки со тоа ќе се заокрижи пристапот на целиот локалитет. 


Подготовките за оваа пешачка патека се при крај, а деновиве треба да се започне и со градежни зафати. Потпеш со Грдано, местото кај црквата Св Софија, ќе се поврзи со пешачка патека , затоа што во моментов до плажата се стигнува пеш. Екипата на Тв М се увери во истото.
Охриѓани идејата за градење мост, претежно ја поддржуваат, со исклучок на неколкумина, кои сметаат дека оваа иницијатива ќе им го наруши мирот. Туристите пак, кои ги затекнавме на плажата Потпеш, велат дека ова место многу им се допаѓа, но во моментов мора да се снаоѓаат за да стигнат до него.
Мостот ќе биде долг околу 150, а широк 2 метри. Градежните работи за поставување на истиот треба да започнат деновиве. Предвидено е, доколку дозволуваат временските услови, поточно, доколку нема големи бранови, до 8 ми септемви, денот на независнота на Р Македонија, мостот да биде готов и пуштен во употреба.
Идејата на Пендо е мостот да биде и осветлен, а на еден поширок дел да има и клупи, каде охриѓани и гостите ќе можат да одморат. Вака оплеменетото место, Охриѓани и туристите ќе можат да го користат и за вечерни прошетки.
Инаку, според детелниот урбанистички план на Охрид, предвиден е ваков мост, и тоа, од пристаниште до Канео.