Skip to main content

Вирозите присутни и летово.

Високите температури си го направија своето. Во летниот период секогаш  присутни се летните вирози, кои што најчесто настануваат заради промена на температурата и променетиот вид на исхрана.

 |  Билјана Николовска  | 
Од ургентната медицинска помош велат дека постојано доаѓаат пациенти кои се жалат на познатите симптоми на стомачниот вирус. Од Регионалниот завод за здравствена заштита смируваат, дека ова лето состојбата со вирозите не е сериозна.

Гадење, лошење, повраќање, дијареа и висока температура се најчестите симптоми на стомачниот вирус. Од ургентната помош во Охрид велат дека постојано третираат пациенти со препознатлива клиничка слика на стомачен вирус. Тој се пренесува од човек на човек и кај сите различно се манифестира, вели Д-р. Ајсел Зејноска.
Ова лето добро испливавме со вирозите вели директорот на Завод за здравствена заштита Атанаско Михаилов. Како една од можните причини за ваквата тенденција е пократката сезона, додава тој.
„Емесан К“ лекот против повраќање, во повеќе аптеки во градов го нема. Овој лек, овие неколку дена многу се троши, велат од аптеките. Се работи за странски лек кој ефикасно дејствува, и многу од пациентите го земаат на своја рака, а некои и по препорака на докторите. Од РЗЗЗ велат дека не очекува посериозна есен, бидејќи вирозите во тој период се поизразени. Тука пред се се мисли и на новиот тип на вирусот Х1Н1, бидејќи не е прекинат ланецот на неговото ширење. Во Македонија бројот изнесува 40 заболени. Инфектолозите предупредуваат дека доаѓа период на ширење на новиот тип на овој вирус.