Skip to main content

Кривична пријава и 30-дневен притвор за Христијан Шапкар

СВР Охрид поднесе кривична против Христијан Шапкар, лицето кое го управуваше глисерот што  усмрти 39-годишна скопјанка.

 |   | 

Мислењето на докторите е дека на Шапкар му е неопходна понатамошна медицинска нега, поради што истиот, од страна на судот е обезбедуван во Општата болница во Охрид.
Експресно прифатена кривичната пријава за Христијан Шапкар. Од МВР велат дека пријавата следува поради основањо сомнение дека направил тешки дела за безбедноста на луѓето.

Шапкар во мометов е во Општата болница во Охрид на хируршкото одделение, во посебна соба со полициска придружба.  Од силината на ударот повредени му се пршлени на кичмениот столб и според лекарите, потребен е неколкудневен надзор поради можност од појава на внатрешни крварања.
Шапкар ја заработи кривичната пријава поради предизвикување на првата сообраќајна незгода помеѓу два глисери во Охридското езеро, во која животот го загуби 39-годишната Ирина Муциноска Рувинова.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби и сопругата на Христијан Шапкар, 24-годишната охриѓанка Ивана Шапкар. Нејзината здравставана состојба денска е стабилна. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ не информираа дека виталните функции не и се во опасност и дека пациентката се подготвува за понатамошни оперативни зафати.
Од предизвикувачот на несреќата, 31-годишниот охриѓанец Шапкар, земени се крв и урина, заради вршење на дополнителни анализи за присуство на алхохол во крвта, но и на наркотични супстанци.
Инаку, годинава езерската полициција има доставено 16 пријави по основ на прекршување на Законот за внатрешна пловидба, а еден пловен објект глисер е одземен.