Skip to main content

Катастрофална туристичка сезона

Охрид ја доживеа, најлошата туристичка сезона. Ќе има ли поправен испит за сите следната година, останува да видиме.

 |  Татјана Маленкова  | 
„За Охридскиот туризам треба да се направи многу малку, но фалат вистинските чекори,вели директорот на хотелот Гранит, Перо Кутаноски.
Охриѓани ќе ја забележат најлошата туристичка сезона. Туристичките работници мака мачат загубата да им биде од помали размери. Годинава имаме 30 до 40 насто послаба посетеност, во споредба на овој период минатата година. Најмногу имаме домашни гости, претежно повратници од странство и туристи од соседните држави, вели директорот на хотелот Гранит, Перо Кутаноски.„Јас сум оптимист и верувам дека лошата ситуација, која ја претрпевме годинава, ќе се стабилизира следната. Според најавите кои ги имаме и интересот на гостите верувам дека следната година ќе биде далеку подобра, вели Кутаноски.  
И концесионерите на плажите годинава останаа без ќар. „Август месец е , а празни сме.Три години сум во туризмот  и тврдам дека годинава е далеку неспоредлива со минатата. За ова има две причини,  првата е објективна, поради лошите временски услови во јули и втората субјективна од која Охриѓани треба да извлечат поука што поскоро. Треба да сватиме дека ние живееме само од туризам, вели Љупчо Нечкоски, концесионер на плажата Акапулко.
Кутановски и Нечковски се со заеднички став околу односот на туристичките работници кон туризмот како гранка. Тие велат дека инволвираните во туризмот се однесуваат аматерски кон оваа значајна област за градот. Не се вложува доволно напори за да се задржат и малкуте гости штo ги имаме со прифатливи цени. Значаен е одност на туристичките работници кон гостите, од моментот кога ќе ги пречекаме до нивното  испраќање. „Очигледно е, дека многу малку од нив се вешти во тоа“, отценуваат добро упатените во туризмот.