Skip to main content

Од 4.000 до 8.000 ден. за старт во училиште

На само 5 дена од почетокот на новата учебна година, екипата на ТВМ се потруди да открие колкав дел од буџетот на едно семејство е потребно да се одвои, за да се подготви детето за на училиште.

Остануваат само 5 дена до почетокот на новата учебна година. Годишните одмори, припремите за зимскиот период, одземаат голем дел од буџетот во семејствата. Дополнително оптеретување претставуваат подготовките за во училиште. Родителите за да ја исполнат и оваа должност, доплнително ќе треба да одвојат значително голема сума пари. За неопходниот прибор кој опфаќа: ранец, боици, фломастери, тетратки, колажи, лењири, помошни ташнички и останати ситнурии, родителите минимум ќе треба да одвојат околу 1500 ден, додека оние попребирливите можат да си дозволат и луксуз од 3000 ден. Олеснителна околност годинава претставува користењето на  бесплатни учебници, кои ги обезбеди владата на Реп. Македонија. Родителите загрижени, а децата нормално, сакаат се.
За новиот почеток, секако, децата посакуваат по некое парче нова гардероба. Зависно од потребите и можностите, за ова родителите ќе треба да одвојат од 1000 до 2000ден.
Зависно од фирмата и квалитетот на обувките, се движат и цените на истите. За еден пар ќе треба да одвоите од 1000 до 2500ден.
Кога ќе ги направат финалните пресметки, родителите се фаќаат за глава. Па ова е навистина премногу, велат тие.Не земајќи ги во предвид учебниците, за кои до минатата година беа потребни од 3000 до 6000ден. целокупната сума за поаѓање на училиште, изнесува од 4000 до 7000ден. Процентуално тоа претставува од 50 до60% од висината на една просечна плата во Охрид, што секако не е сума за занемарување, велат граѓаните.