Skip to main content

Депонии на секој чекор по плажите

Ширум целото крајбрежје на охридското езеро може да се види расфрлан смет, обвинуваат граѓаните.

gubre
ѓубре

Ширум целото крајбрежје на охридското езеро може да се види расфрлан смет, обвинуваат граѓаните.
gubreЕкипата на ТВМ денеска посети едно од тие места и се увери во обвиненијата.

По иницијатива на еколошки освестени граѓани, екипата на ТВМ телевизија го посети делот од шеталиштето на потегот од пумпната станица кај Хотелот Инекс Горица, до паркингот на хотел Славија.

„Ова е најфрекфентниот дел за љубителите на природата, и никогаш досега истиот не бил во ваква лоша состојба“, велат тие.

„ До лани овде поминуваше трактор и го собираше сиот смет, меѓутоа оваа година состојбата е сосема поинаква. Сликата со која се сретнуваме навистина е тажна“, вели нашиот соговорник.

„Јас лично бев кај надлежните инспекциски служби, вели тој, и од таму ми одговорија дека поради нерасчистените односи помеѓу концесионерите и комуналното претпријатие, состојбата е ваква каква што е“.

„Прекрасно се чувствуваме во вашиот град, велат гостите, меѓутоа навистина е непријатно кога ќе се сретнеме со ваква слика. Кај нас во Хрватска, на одреден начин, властите изнајдоа решение за ваквата состојба. „Воведоа принцип за наплата на отпадот кој се рециклира, така да секој граѓанин слободно може да отиде во продавница и да добие паричен надомест
За пластичната амбалажа“, вели Саво Кладар гостин од Хрватска.

Танас Танасоски од општинскиот инспекторат посочува дека е запознаен со проблемот со овој дел од плажите.„ Кога ЈП комуналец ќе направи договор за подигање на отпадот со концесионеерите на плажите, тогаш и ние, знаејќи го сопственикот ќе можеме да делуваме на лице место“, вели тој. Од комуналното пак велат дека ќе настојуваат во иднина, да се стави крај на ваквата состојба.

„Додека надлежните се расправаат околу тоа чија е вината за ваквата состојба, ние ќе бидеме сведоци на грдата слика по плажите“, велат граѓаните.


{loadposition content9}