Skip to main content

Oпасност од медицинскиот отпад

Охридски Комуналец нема да го подига овој отпад. Болниците затечени и збунети од ваквата одлука.

 |  Николовска Биљана  | 
Saso Vasilevski
Сашо Василевски

Охридски Комуналец нема да го подига овој отпад. Болниците затечени и збунети од ваквата одлука.

Saso VasilevskiСепак товарот за да го решат овој проблем целосно паѓа врз нив. Мора да најдат нов партнер со кој ќе склучат договор за третирање на медицинскиот отпад.

Охридски Комуналец деновиве стопира дел од своите редовни активности. Нема да го подига медицинскиот отпад од Јавните здравствени установи. Комуналец досега го подигал отпадот по добиено  задолжение од  страна на Државниот инспекторат за животна средина. После најновите случувања и затегнатите односи помеѓу Државниот инспекторат и ЈП Охридски комуналец првиот човек на ова претпријатие Сашо Алчев, веќе превзема превентивни мерки за да не дојде до нов платен налог. Имено според Алчев, во нивна надлежност е подигање само на комуналниот отпад.

Болниците во Охрид, затечени од овој проблем бараат решение. Тие крајно се изненадени од одлуката на директорот на Охридски Комуналец Алчев, која стигнала во писмена форма без посебно образложение. Портпаролот на Општа болноца Охрид Сашо Василески вели дека установи кои имаат идентична улога како сервис на граѓаните, треба да седнат на иста маса со цел да се надмине овој и тоа како сериозен проблем.

„Медицинскиот отпад е сериозно и комплексно прашање кое неминовно треба да се актуелизира“, вели Др Иво Захариевски, сопственик на приватна здравствени ординациа.

„Посебно треба да се обрне внимание во делот на неговото чување и понатамошен третман. Тој отпад веднаш после селекцијата треба да се чува на ниски температури а потоа да се уништи во специјални печки на 1000 степени како максимално би се уништиле сите опасни бактерии“, додава Захариевски.

Тој рече време е да се алармираат сите релевантни институции и министерства со цел да не се дозволи ескалирање на состојбата. Инаку приватните ординации нивниот медицински отпад го депонираат во специјално одредениот дел на општа болница Охрид, што не е трајно и адекватно решение.
Од државниот санитерен инспекторат во Скопје велат дека не се запознаени со деталите од оваа новонастаната состојба во Охрид.

Тие додаваат дека во пракса, градовите во Македонија со исклучок на Скопје со медицинскиот отпад се снаоѓаат кој како знае. Само во Скопје е регулирано со инцелераторот во Дрисла, каде  целосно се уништува медицинскиот отпад. Од таму не упатија до министреството за екологија, од каде што велат дека менаџерите на болниците мора да најдат партнер со кој ќе направат договор за понатамошен третман. Тоа е единствениот излез засега.

{loadposition content9}