Skip to main content

За Косел треба да се чуе и надвор од нашите граници

Тлото на поствулканскиот дел во Косел наликува на тлото на планетата Марс. Но за жал, научно истражувачките мисии на Марс се многубројни и доста чести, а за сулфатарот „Дувало“ во Косел, многу малку се знае.

 |  Николовска Биљана  | 
sulfatara
сулфатара

Тлото на поствулканскиот дел во Косел наликува на тлото на планетата Марс. Но за жал, научно истражувачките мисии на Марс се многубројни и доста чести, а за сулфатарот „Дувало“ во Косел, многу малку се знае.

sulfataraСулфатарот „Дувало“, поствулканската појава која се наоѓа во непосредна близина на Косел, треба да влезе во мапата на алтернативната понуда за туризмот во Охрид. Окната што се надзираат на местото кое е своевидно сведоштво на големо тектонско поместување пред многу стотици илјади години се скоро затрупани, велат Коселчани. Тие додаваат, дека  според кажувањата на нивните предци окната биле длабоки дури до 60 метри. За ова место постојат бројни верувања од кои највоочливо според Коселчани е посетеноста од припадниците на муслиманската вероисповед, кои лекуваат „мајасил“. На 15 Мај, секоја година ова место е панаѓур на лековитоста вели Наум Наумоски жител на Косел.

Коселчани, според доминацијата на миризбата од сулфатарот ја предвидуваат временската прогноза, добро знаат кога ќе врне. Велат, дека се што е железно корозира и електро апаратите за брзо време откажуваат. Интересно е што во близина на окната нема ниту растителен ниту животински свет. Песокта под нозете крцка како да е жива. За жал науката сеуште нема излезено со прецизни сознанија дали поствулканската појава може да се активира. Коселчани веруваат дека сулфатарот  е мртов, но заслужува да се популизира.

Поствулканската појава во Косел не е доволно испитана. После цели 33 години таа паѓа во очи на добрите познавачи на науката. Затоа заслужува да се наметне иницијатива до надлежните на локално и државно ниво, да се валоризира ова место како алтернативна форма на туризмот која нуди многу можности, вели Дејан Паноски од билатералниот секретаријат на Охридското Езеро.

Процесот на доистражување на локалитетот кај сулфатарата Косел и утврдување на неговата вредност не бара голема инвестиција, вели Паноски. Да се пропагира и да заживее ова место, државата, а посебно градот, ќе има големи придобивки. Исто така, за доистражување на ова место како единствена природна реткост во Европа веќе пројавен е интерес од надворешно истражувачки кругови, и во подготовка се репортажи на каналот National Geography. Преку сулфатарата Косел, Охрид може во светот да се истакне како регион со многу природни раритети.

{loadposition content9}