Skip to main content

Потона бродот Илинден

Бродот Илинден кој сообраќал на релација Охрид- Св. Наум,  утрово  потонал во близина на Автокампот Елешец.

 |   | 

Потона бродот Илинден.Најмалку петнаесет лица го загубија животот а неколку се водат за исчезнати во трагичната несреќа што денеска околу 10 часот и 35 минути се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец ,на длабочина од 6-8 метра.
Неофицијално, бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути.
Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути.

Ова го потврдуваат и фотографиите кои ги направил очевидец, на кои јасно гледа и времето но и потонувањето на бродот.
На местото на настанот бројни спасувачки екипи  припадници на специјалната нуркачка екипа на МВР работеа  на извлекување на преживеаните и телата на загинатите. Први помош на преживеаните и обид за реанимација на жртвите им укажале од прва помош и од Општата болница од Охрид.
Прв на местото на огромната несреќа што ја дигна на нозе целата македонска јавност, пристигна министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски кој изрази сочуство до семејствата на загинатите и најави дека истрагата ќе покаже дали некој е одговорен за овој немил настан.
Според имформациите кои ги добивме бродот имал имал уредна документација за техничка исправност.Компаниајата ЛОЈД издала дозвола за пловидба до мај 2010 година.Бродот бил регистриран за 43 патници,а наофицијјално на него се превезувале околу 73 лица.
Сопственик на бродот е охриѓанецот Димитар Филевски, а во моментот на несреќатаистиот го управувал неговиот 23 годишен син Сотир.

На потонувањето му претходело врисок на гостите на палубата, кои барале помош од присутните на брегот, а бродовите  “Галеб” и „Александрија“  кои биле во непосредна близина, масовно им фрлале појаси за спасување на давениците.
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов наредил владиниот авион Т-154 веднаш да тргне за Охрид и да ги врати преживеаните од бродската несреќа која денеска се случи во Охрид назад во Бугарија.


– Јас веќе зборував со македонскиот премиер Никола Груевски и побарав од него да им помогне колку што е можно на луѓето. Владиниот авион Т-154 го испратив во Охрид за да се вратат преживеаните назад во Бугарија, изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов за Новинска агенција ФОКУС.
Тој додаде дека е во постојан контакт со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и набрзо ќе одлучи дали да го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост во Бугарија.
Владата денеска одржа седница на која одлучи, утрешниот ден да го прогласи за ден на жалост во Република Македонија.