Skip to main content

Комеморативна седница на советот на Општина Охрид

Вонредна седница, на советот на Општина Охрид по повод трагичниот настан во кој животот го загубија 15 туристи од Бугарија.

 |  Татјана Маленкова  | 

Советот на Општина Охрид денеска одржа вонредна седница на која со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жртвите во бродската несреќа што во саботата се случи на Охридското Езеро. Во име на советот претседателот Душко Јаковчески изрази длабока жалост за изгубените животи, а свое обраќање имаа и градоначалникот на Охрид Александар Петрески и конзулот на Република Бугарија во Македонија, Наум Кајчев.

комеморацијаПрвиот човек на градот истакна дека со ништо не можат да се надоместат загубените животи, но изрази уверување дека несреќата ќе ги зближи граѓаните на Македонија и Бугарија.

Конзулот Кајчев изрази голема благодарност до граѓаните на Охрид кои несебично помогнаа во спасување на преживеаните. Кајчев очекува истрагата до крај ќе го расветли инцидентот, бидејќи, како што рече, тоа не е важно само за бугарската јавност туку и за самиот Охрид кој претендира да биде светска туристичка дестинација.

Инаку на денашната вонредна седница, советот едногласно донесе одлука општинска делегација да присуствува на погребот на жртвите во Бугарија, но  и ги откажа сите предвидени свечености по повод Денот на независноста на Р Македонија 8 ми септември.

Една од најмалите општини во софиската околија, Антон, даде најмногу жртви во трагедијата со потонатиот брод во Охридското Езеро. Во саботата преку целиот ден во општината напрегното се очекувале информации и официјалниот список со имињата на жртвите.

Првиот список кој пристигнал кај 18.30 часот, покажал дека 8 се антончани, а од нив Куна и Нонко биле сопрузи.

“Тргнаа на кобното патување заедно, ме поканија и мене да одам со нив“ во солзи  раскажувала нивната пријателка  Марија Арсова . – Дете сираче зад себе остави 35- годишната Марија Димитрова – вели за бугарскиот весник “Стандарт“ во очај градоначалникот на Антон, Стојан Гарчев.

Како што пишува “Стандарт“ мештаните велат дека организаторот на ова црно патување “Клунчев“ ДОО ги запишувал кандитатите во локалниот пензионерски клуб. Цената била 150 лева (околу 75 евра), па на мешатните им се видела прималива понудата и лесно се одлучиле да го одврзат ќесето за да заминат на екскурзија во Македонија.

{loadposition content9}