Skip to main content

Фатална сообраќана несреќа

На раскрсницата од булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на бензиската пумпа на „Окта“, во тешка сообраќајна незгода загина едно лице.

 |  Николовска Биљана  | 
raskrsnica
раскрсница

Синоќа околу 20 часот се случила тешка соораќајка помеѓу патничко моторно возило „Опел Калибра“, со охридски регистерски таблички управувано од Ф.У (22) и велосипедист  Шефќет Б (78) од Охрид. Неприлагодената брзина од страна на патничкото моторно возило „Опел Калибра“ со охридски регистерски таблички засега е една од причините поради која дошло до несреќата.

raskrsnicaРоднина на настраданиот, раскажува како се случил овој трагичен настан. За неговото семејство раскрсницата од ул.„Туристичка“ и ул. „Бистрица“ во Охрид е кобна бидејќи за нецели две години им зела три жртви. Тој очајно ги пренесува деталите.

„Возачот на автомобилот најверојатно возеше со 150 км на час. Од вујкоми не остана ништо. Од раскрсницата па се до бензиската пумпа собиравме делови од неговото тело“-вели роднината на настраданиот.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид и истражен судија кои работат на изготвување на деталите за расветлување на несреќата. Вчера на овој дел на патот сообраќајот се одвиваше отежнато. Граѓаните на овој дел од градот, велат дека воопшто не е безбеден овој правец кој е магнет за сообраќајни незгоди со трагични последици. Тие бараат под итно надлежните да превземат мерки како би се зголемила безбедноста. Тие додаваат дека не се почитуваат и постоечките велосипедски патеки бидејќи се узурпирани од возила.

Граѓаните на овој дел, видно се револтирани на надлежните. Велат, дека најмногу се плашат за своите деца, кои на патот до своето училиште оваа раскрсница мора да ја поминат. Дневно поминуваат по 300-400 деца, загрижено додаваат родителите. Тие велат дека доклку и после овој трагичен настан надлежните не се освестат поголема група на граѓани ќе го блокираат патот на ул. „Гоце Делчев“ и цела „Туристичка“ во знак на револт.

{loadposition content9}