Skip to main content

Дел од тревникот на охридската болница наликува на џунгла

Од „ЈЗО Општа болница Охрид“ велат дека не ја санираат состојбата поради тоа што не се сопственици на парцелите.

bolnica
болница

Од „ЈЗО Општа болница Охрид“ велат дека не ја санираат состојбата поради тоа што не се сопственици на парцелите.

bolnicaГрупа граѓани кај кои е развиена еколошката свест до ТВМ реагираа поради неуреденоста на дворната површина на „Општата болница“ во Охрид. Станува збор за поголем дел од тревникот во кругот на болничкиот комплекс.

„Не е во ред, во центарот на градот, а притоа и во медицински центар, да се сретнуваме со ваква слика“, обвинуваат граѓаните.

Првиот човек на Општата болница, Др. Арнаудов, појаснува дека состојбата со посочените парцели, не е решена со законот за денационализација, па поради тоа и не се обврзани истите да ги одржуваат. Меѓутоа, Танасоски од општинскиот инспекторат вели дека, задолжително секој сопственик, дали е тоа болнички комплекс или пак приватно лице е должен да се грижи за уредувањето на дворното место.

„Најголемиот проблем во случајов, е нерешената сопственост, односно законот за денационализација за овие парцели не е во потполност реализиран“, вели Танасоски. „Додека не ги најдеме вистинските сопственици, правото за користење на посочениот тревник е на медицинскиот центар и од таму се должни да го уредуваат во целост, се до самата улица“.

Бранко Арнаудов, началникот на Секторот за урбанизам, појаснува дека Министерството за финансии треба да донесе Закон за сопственост, па дури потоа тие да можат да го донесат Законот за детален урбанистички план.

„Откако тоа ќе се реализира, ќе се знаат сопствениците на парцелите и ќе се изнајде решение за овој проблем“, вели Арнаудов.

Танасоски, од општинскиот инспекторат, дообјаснува дека додека да се реализира урбанистичкиот план,тие записнички можат да го  задолжат Медицинскиот центар, во одреден рок да го исчистат овој дел. Доколку неможат тие, проблемот ќе го санира ЈП Комуналец, маѓутоа на сметка на ЈЗО Општа болница-Охрид, вели тој.

{loadposition content9}