Skip to main content

Страотна приказна

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски, ги раскажува деталите од првичната слика по потонувањето на бродот „Илинден“.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ilinden
Илинден

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски, ги раскажува деталите од првичната слика по потонувањето на бродот „Илинден“.

Тој прв го видел потонатиот брод.  „Во досегашниото мое искуство немам видено таква слика“, вели Секуловски.

Ilinden„Кога слушнавме за несреќата, бевме во нашиот нуркачки центар во Градиште. Од моментот на јавување за 20 минути три нуркачи веќа бевме под вода кај потонатиот брод“, се сеќава Милутин Секуловски, на несреќниот 5-ти септември.
„Тоа што го видовме беше ужас“, додава тој.

„Се соочивме со голем ризик при вадењето на жртвите. Не знаевме каде има опсност од кабли, сајли и се што е дел од бродот. Откако нуркачите ги извадија  безживотните тела, пристапивме кон прибирање на личните предмети од туристите, во бродот и дното на езерото“.

„Доколку не се реагираше толку брзо, сигурно ќе имаше многу повеќе жртви“, додава Секуловски.
„Од она што го видов при моите повеќекратни нуркања околу потонатиот брод, можам да кажам дека надворешно бродот е цел“, додава Секуловски.

Тој за ТелевизијА ТВМ проговори и за неговиот став околу сложената операција за вадење на бродот од дното на езерото.

„И ние сме подготвени да го извадиме бродот, но тоа би чинело скапо, затоа што немаме потребни материјали. Мислам дека најевтино оваа постапка би ја извеле екипи кои имаат опрема и искуство“, вели Секуловски.

Меѓународниот нуркачки инструктор е згрозен од видео матријалите кои деновиве се емитуваа на националните телевизии. „Се она што слушнавме не соодејствува со вистината, а снимките требаше да се цензурираат, наместо да се оди на некаков екскузивитет“, вели Секуловски.

Инаку како што ТВМ неофицијано дознава, вадењето на бродот нема да се реализира наредниве неколку дена.

{loadposition content9}