Skip to main content

Се ќе се знае

„Некои медиуми скршнаа од професионалноста, кога информираа за бродската незгода. Непотребни беа лажните информации“, вели Др Сашо Василевски.

 |  Николовска Биљана  | 
Ilinden
Илинден
Некои медиуми скршнаа од професионалноста, кога информираа за бродската незгода. Непотребни беа  лажните информации, вели Др Сашо Василевски.

бродоломКатастрофалната бродска незгода што неодамна  се случи во Охридското Езеро повлече низа прашања. Медиумите ја превзедоа главната улога во информативното прикажување на целокупната состојба за и после незгодата. Но по се изгледа некои печатени и електронски медиуми заборавија на својата професионалност. Во битката за сензација, се искажаа низа невистини кои претставуваат навреда, посебно за сите кои се впуштија во безрезервната битка за спасување на животи вели Др Сашо Василевски.

„Гадост е да се спомне дека некој во процесот на спасување животи побарал финансиска надокнада“- вели Василевски. Тој додава дека во оваа голема незгода доминирала хуманоста, и во ниеден момент не се почувствувла некаква струја, дали партиска или било која друга.

Василевски порача, во интерес на вистината која јавноста заслужува да ја знае, уште еднаш да се преиспита целокупната состојба и објективно и непристрасно да се информира.

„Незгодата допрва ќе ја отвори пандрината кутија. Факт е дека покрај 15 те настрадани, исходот можеше да биде и покатастрофален, доколку хуманоста на сите инволвирани институции не беше главниот двигател на целата трагична случка“, изјави Василески.

{loadposition content9}