Skip to main content

Како се прави документарец?

Дваесет и пет млади луѓе од пет европски земји Естонија, Португалија, Србија, Албанија и Македонија ќе учат во Охрид како се создава документарен филм.

 |  Валентина Нелоска  | 
rabotilnica
работилница
Дваесет и пет млади луѓе од пет европски земји Естонија, Португалија, Србија, Албанија и Македонија ќе учат во Охрид како се создава документарен филм.

rabotilnicaМини од Естонија е за прв пат во Македонија и е задоволна од престојот во Охрид, но и од досега стекнатото  искуство на работилницата. Научила многу за луѓето, земјата, културата и сетоа тоа  е интерсно кажува младата Естонка.

Семинарот го посетуваат  млади луѓе, аматери  за кои оваа работилница  е можност да ги научат основните работи како се создава филм. Надежда од Србија смета дека на многумина учесници ова ќе им биде пресвртница за  понатака професионално да го изучуваат филмот.
Режисерката Фросина Наумовска која ја води работилницата  вели се работи интензивно со секој поединец, по 12 часа дневно, се снима на разни локации во Охрид. Намерата ние  да се направиме филм за
младите и нивните соништа додава таа.

Ивана Јанковска, координатор на проектот, кој го носи  насловот „ Да ја документираме нашата културна сторија“, потенцира дека семинарот е финансиски подржан од Европската комисија од Брисел.

Документарниот филм кој ќе се создава во текот на една недела сеуште нема работен наслов, но кординаторот и режисерот велат дека до него ќе се дојде спонтано. По завршувањето на семинарот, до 22 септември, документарецот ќе  добие  и финална презентација пред охридската јавност.

{loadposition content9}