Skip to main content

Потпишан меморандум за соработка

Науката во пракса. Тое е основната цел на меморандумот за соработка, кој денеска беше потпишан помеѓу Агенцијата за промоција и поддршка  на туризмот во Р. Македонија и факултетот за туризам и угостителство Св. Климент Охридски.

 |  Николовска Биљана  | 
Sofronija Miladinovski
Софронија Миладиновски
Науката во пракса. Тое е основната цел на меморандумот за соработка, кој денеска беше потпишан помеѓу Агенцијата за промоција и поддршка  на туризмот во Р. Македонија и факултетот за туризам и угостителство Св. Климент Охридски.

dekanatФТУ од Охрид и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Македонија потпишувањето на меморандумот за соработка го сметаат за голем исчекор во туризмот бидејќи конкретно со тоа науката ќе ја применат во пракса. „Заедно можеме се“ истакна директорот на агенцијата, Зоран Стрезоски.
Иницијативата за меморандумот, на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со широки раце е прифатена од страна на ФТУ од Охрид. Чест е заеднички да се креира реализација на програмските активности на агенцијата, тоа е гаранција за квалитативно извршување на секоја поставена задача вели деканот на факултетот Проф. Др. Софроние Миладиноски
Охридскиот факултет е креатор на голем број проекти надвор од државата каде се вклучени голем дел на професори точно од факултетот за туризам и угостителство, вели Миладиноски.  Затоа задоволство е да се биде прв во циклусот на приближување на науката во праксата, каде што голем придонес за туризмот може да дадат точно експертите од  факултетот, додава тој.

{loadposition content9}