Skip to main content

Сериозна закана од најопасниот смет

Алармантната состојба со медицинскиот отпад ги отрезни сите структури. Тој во моментов е на сигурно, но специјалниот простор за негово одлагање е се потесен.

 |  Николовска Биљана  | 
medicinski otpad
медицински отпад

Алармантната состојба со медицинскиот отпад ги отрезни сите структури. Тој во моментов е на сигурно, но специјалниот простор за негово одлагање е се потесен.

medicinski otpadСе кубури со простор за негово одлагање во Јавните здравствени организации во градов. Како што деновиве ТВМ информираше голема прашина се крена околу проблемот со подигнувањето и депонирањето на медицинскиот отпад. Портпаролот на ЈЗУ општа болница Охрид Сашо Василески, вели дека сериозно се пристапи кон решавање на овој проблем. Тој додава дека проблемот е присутен не само кај нас туку воопшто во целата земја со исклучок на Скопје, каде што во моментов се наоѓа единствената печка за уништување на истиот.

До крај на оваа недела мора да се најде конкретно решение изјави Василески. Медицинскиот отпад во моментов е на сигурно, и веќе постои алтернатива за негово времено подигање

Овие информации ги потврди првиот човек на комуналното претпријатие од Струга, Петко Кутаноски. Тој вели дека за овој иако специфичен проблем, кој не е на негова територија Јавното Претпријатие од Струга но може да излезе еднократно во пресрет. Барањата на директорите на здравствените организации се сосема оправдани додава Кутаноски
Проблемот со медицинскиот отпад е сериозен бидејќи истиот е контаминиран и опасен. Доколку дојде во допир со животни или луѓе, може да предизвика епидемии опасни по живот. Одговорните на општа болница Охрид, велат дека нема да дозволат ескалација на овој проблем, и во најкус рок ќе се изнајде трајно решение.

{loadposition content9}