Skip to main content

Езерото ќе се штити со eвропски средства

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ги утеши претставниците на Невладиниот сектор. Годинава буџетските средства за подршка на невладините организации се многу пониски.

 |  Николовска Биљана  | 
Nedzati Jakupi
Неџати Јакупи

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ги утеши претставниците на Невладиниот сектор. Годинава буџетските средства за подршка на невладините организации се многу пониски.

Nedzati JakupiОхридското езеро ќе се заштитува преку меѓудржавна соработка. После подолго време Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи седна на иста маса со претставниците на еколошките друштва од Охридскиот регион. Целта на средбата беше запознавање на министерот со можностите, идеите и проблемите, со кои што се соочуваат Невладините организации во рамките на нивното делување во областа на животната средина. Јакупи истакна дека не треба во ниту еден случај да се занемари активноста на невладиниот сектор посебно во заштитата на Охридското езеро. Тој додаде дека годинава иако со редуцирани средства, министерството стои на располагање за подршка на проектите на Невладините организации.
Претставниците на невладиниот сектор, денес  дирекно го информираа министерот за постоечките проблеми со кои се соочуваат, а се поврзани со Охридското езеро. Јакупи како конкретен предлог пред претставниците на НО, ги посочи прекуграничните проекти како едни од најприфатливите пристапи до средствата кон Европските фондови, за поддршка на активностите од областа на животната средина.
Претседателот на СРД  „Св. Апостол Петар“ Радован Димитриески, рече дека ова е прва средба со министерот на која дирекно се изнесуваат сериозни проблеми. Нивните очекувања по овој состанок  се големи.
На средбата помеѓу претставниците на невладиниот сектор и министерот Јакупи, беше кажано дека за најбрзо време би требало да се воведе ред и максимална редукција на користење на течните горива на пловните средства во Охридското езеро. Така би се одбегнало прекумерното загадување на езерото од течни горива кои се сериозна закана за растителниот и животинскиот свет во водите на истото.