Skip to main content

Се анулира дел од македонското минатото

Државниот Грб на Република Македонија кој датира  од 1946 година ќе се менува.

 |  Валентина Нелоска  | 
Grb
грб
Државниот Грб на Република Македонија кој датира  од 1946 година ќе се менува.

Се предлага петокраката да се отстрани од националниот симбол, на која покрај неа се прикажани пејсажните карактеристики, венецот со култури кои се одгледуваат во Македонија и традиционалниот вез.
Ова е најнов  владин предлог со цел да се  исфрли петокраката од досегашниот грб како сибмбол на социјалистичкото време. Ваквата иницијатива  наиде на различни рамислувања кај охриѓани. За некои новиот систем не може да се поистовети со старите симболи, а некои пак сметаат дека грбот не треба да се менува.
Охридските пратеници од Вмро Дпмне кои ТВМ успеа да ги исконтактира се согласуваат со владиниот предлог.

Пратеничката Анита Кипаризоска Крстеска за ТВМ кажа дека нема ништо против да се смени петокраката од државниот грб доколку е тоа одлука на Владата. За ново идејно решение нема размислувано.
Цветко Грозданов ја поздравува иницијативата да се промени грбот затоа што како што вели сме единствената држава од поранешните комунистички држави кои го имаат задржано стариот симбол. Грозданов смета дека  лавот би требало да биде   новиот симбол на Државниот Грб.
Пратеникот Владо Стефаноски исто така  мисли дека е потребна промена. За него е прифатлива корекцијата на петокраката како симбол на друго време. Остава на историчарите да предложат прифатливо решение за нов грб.

Пратеникот Томислав Чингоски од редовите на СДСМ  не го искажа своето мислење по ова прашање туку се повика на официјалниот став од неговата партија кој допрва треба да биде обелоденет.

{loadposition content9}