Skip to main content

Туберкулозата демнее

„Туберколозата и тебе те демне, препознај ги симптомите“ е мотото под кое е означена неделата за борба против оваа болест.

logo
лого
„Туберколозата и тебе те демне, препознај ги симптомите“ е мотото под кое е означена неделата за борба против оваа болест.

докторкаИницијативата е реализирана во соработка на Црвениот крст и Институтот за градни болести при ЈЗУ Охрид.

Со намера за подигнување на јавната свест, во насока на симптоматологијата, дијагностицирањето и лекувањето, Црвениот крст од Охрид во соработка со Институтот за градни болести, организира „Недела за борба против туберколозата“. Оваа болест е предизвикана од бактериска инфекција која најчесто ги зафаќа белите дробови.

„Ова заразно заболување се пренесува преку контакт со инфицирани лица или предмети, а се манифестира со долготрајна кашлица, искашлување крв, болка во градите, температура, губење на апетит и телесна тежина. Болеста се дијагностицира на повеќе начини,“ посочува Др. Славица Петровска.

„Во Македонија годишно заболуваат 700 лица, а во Охрид досега има регистрирано 13 од кои три се деца на возраст од 3 до 7 години. Туберколозата може да се лекува и излекува, вели Др. Петровска. Лекувајќи се, се заштитувате и себеси и семејството, но исклучиво доколку лековите се земаат правилно, според упатствата на лекарите“, вели таа.

Невладината организација „Опција Охрид“ со свои активности и работилници, е исто така вклучена во кампањата за борба против туберколозата. Целта поради која сме вклучени е дестигматизација, информирање и подигање на свеста за оваа болест, вели Царева Рувинова.

„Туберколозата и тебе те демне, препознај ги симптомите“ е заедничкиот став на инволвираните во иницијативата. Како превенција тие препорачуваат: Хранете се здраво, секојдневно внесувајте доволно овошје и зеленчук, бидете физички активни, спијте доволно, и избегнувајте алкохол, дрога и цигари, бидејќи го намалуваат имунитетот. БСЖ вакцината е секако важна превентивна мерка која овозможува заштита од тешки малигни форми во детската возраст, посочуваат лекарите.

{loadposition content9}