Skip to main content

Охридските советници на терен

Најголемата урбана единица „Биљанини извори“, ќе добие спортски терен. Оваа иницијатива е поддржана од страна на секторот за урбанизам но и од градоначалникот. Се чека само  утврдување на можна локација за реализација.

 |  Николовска Биљана  | 
igralishte
игралиште

Најголемата урбана единица „Биљанини извори“, ќе добие спортски терен. Оваа иницијатива е поддржана од страна на секторот за урбанизам но и од градоначалникот. Се чека само  утврдување на можна локација за реализација.

igralishteАко е задоцнето да не е заборавено. Иницијативата на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Паноски, деновиве доби зелено светло од релевантните фактори на општина Охрид за изградба на спортски терен во урбаната единица „Биљанини извори“. Паноски вели дека се дополнува мозаикот на приоритетните работи во општината кои се од општ интерес како на жителите на оваа урбана единица така и воопшто за сите.  

Оваа иницијатива добредојдена е за жителите на оваа населба. Тие велат дека изградбата на спортските терени е од извонредно значење, бидејќи многу места во оваа урбана единица се препуштени на забот на времето, обраснати со трева, и крајно недостапни за било каква активност.
Идеите за спортските терени се поддржани и прифатени од страна на градоначалникот Петрески. Паноски е голем оптимист, смета дека во најскоро време ќе се изнајде и потребната локација. Средствата кои треба да се вложат не се големи, истите се веќе обезбедени, информира  Паноски.

{loadposition content9}