Skip to main content

Варошани и Кошиштани поврзани

Пуштена во употреба пешачка патека во должина од 150 метри која води од Горна Порта до Кошишта.

 |  Валентина Нелоска  | 
pateka
патека
Пуштена во употреба пешачка патека во должина од 150 метри која води од Горна Порта до Кошишта.

patekaСовремено уредената патека е со површина од  500 м квадратни. Поплочена е со пририден камен, оградена и  осветлена, а  има и три одморалишта. Станува збор за мала, но значајна инвестиција за жителите од овој дел на  градот нагласи првиот човек на Охрид при денешното свечено пуштање во употреба.
Градоначлник Петрески кажа дека патеката ќе биде од голема корист за граѓаните, повозрасните кои сакаат да рекреираат, за туристите, но и за учениците од Кошишта кои посетуваат настава во ОУ Св. Климент Охридски.

Од името на жителите на Месната заедница Стар град, претседателот Ставре Маленко го истакна значењето на оваа патека за поврзувањето на Варошани и Кошиштани.

Градоначалникот Петрески кажа дека оваа инвестиција е почеток на зафатите кои ќе следуваат во уредување на инфраструктурата во овој дел на Охрид. Најави градење на детски игралишта,  уредување на нови пешачки патеки, улици и тротоари и обнова на потпорни ѕидови кои се нагризани од забот на времето.

{loadposition content9}