Skip to main content

Учениците ќе почекаат за бесплатни учебници

Поголем дел од учениците се и понатаму без ветените бесплатни учебници, иако одминува еден месец од почетокот на учебната година.

 |  Крсте Голабовски  | 
ucebnici
учебници

Поголем дел од учениците се и понатаму без ветените бесплатни учебници, иако одминува еден месец од почетокот на учебната година.

priborИако одминува еден месец од почетокот на учебната година,  поголем дел од учениците сеуште ги немаат добиено ветените бесплатни учебници. „Се снаоѓаме на повеќе начини“, велат учениците. „Позајмуваме учебници од генерациите пред нас, а најчесто запишуваме на часовите се што ќе ни диктираат наставниците, што ни е навистина тешко“, коментираат тие.

„Образованиеето е систем каде сите постапки исклучително мора да се одвиваат во добро осмослена кординација“, вели Митре Вељаноски, советник за образование. „Во моментов состојбата излегува од контрола и се судруваме со еден навистина голем проблем, во одредени училишта да има учебници, а во други нема“, вели тој. „Како што се одвиваат работите досега, најверојатно некои учебници нема да пристигнат ниту до крајот на годината. Апсолутно тврдам дека секое дете има право да се надева на ветеното, меѓутоа лошата координација во самото министерство, не доведува сите во назавидна ситуација“, вели Вељаноски.

„Покрај проблемот со учебниците кои ги нема, се судруваме со проблем и со оние кои ни се дадени на располагање за учениците од 1во до 4то одделение“, вели Славица Илиќ, дир. „Начинот на кој работат децата од оваа возраст е дидактички, односно е предвидено цртање, боење и сечење на самите учебници, а сепак истите задолжително треба на крајот од годината да се вратат неоштетени, што никако не оди едно со друго. Кај овие деца не е доволно развиена ниту моториката на рацете, за да запишуваат издиктиран текст. Со еден збор неможеме да ја реализираме зацртаната цел во образовниот процес“, вели таа.

„Можеме да заклучиме дека идејата за бесплатни учебници е за поздравување, меѓутоа нејзината реализација е за никаде“, обвинува Вељаноски. „До крајот на учебната година нема да имаме конечна бројка на тоа која издавачка куќа колку учебници дистрибуирала. Имаме случаи каде за ист учебник имаме акредитирани неколку автори, па наставниците порачуваат различни. Апсолутно тврдам дека ваквата состојба оди на штета на образовниот процес, а најмногу на самите ученици“, вели Вељаноски.


{loadposition content9}