Skip to main content

Заврши притворот за Христијан Шапкар

Обвинителството, сеуште не ја има дозавршено постапката и нема конкретен епилог за случајот. Дали Шапкар ќе се терети и за што, останува да видиме.

 |   | 
канал
kanal

Обвинителството, сеуште не ја има дозавршено постапката и нема конкретен епилог за случајот. Дали Шапкар ќе се терети и за што, останува да видиме.
Шапкар е пуштен од притвор согласно законот. Но истражната постапка не застанува тука. По сила на законот, Христијан Шапкар со решение за ослободување од притвор пуштен е точно на денот кога му истекува одредената мерка притвор од 30 дена на 18.09.годинава, велат од Основниот суд во Охрид. Истата му била изречена само заради влијание на сведоците. Истрагата за случајот со Шапкар и глисерската незгода, во која едно лице настрада, продолжува понатаму со изведување на истражни постапки. Од она што засега се знае, со сигурност е дека резултатите од вештачењето на присуство на алкохол се позитивни. Исклучена е можноста дека Шапкар за време на незгодата бил под наркотични средства. По писмен предлог од обвинителот,на Шапкар времено му се одземени патните исправи. Следуваат различни вештачења врз база на кои обвинителот ќе одлучи дали ќе поднесе пријава против Шапкар и тоа треба да се изјасни по кој член и став од законот, вели истражниот судија. Судијата додава дека се чека секциониот протокол на ЈЗУ „Трифун Паноски“ од Битола, како и извештајот на Бирото за судски вештачења од Скопје, кое на ден 09.09 2009 во присуство на три члена комисија го извршило увидот врз пловните објекти, и ги направило потребните фотографии заради спроведување на сообраќајно техничко вештачење. Исто така за докомплетирање на случајот, како докази потребни се и скицата и фотодокументацијата направени во критичната вечер по случување на незгодата.

{loadposition content9}