Skip to main content

Од небо дрва…

Дрвото во дворот на Св. Софија опасност за посетителите.

 |  Татјана Маленкова  | 
drvo
дрво

Во неколку наврати од него паднале крошни, сведок за тоа е гранката која 15 дена стои под дрвото, а никој не интервенира.

drvoДве недели падната гранка од дрвото Павлонија во црквата Св Софија, никој не ја подигнува .

„Ова дрво претставува вистинска опаснот и за нас и за посетителите на овој храм“, велат жителите на стариот дел кои постојано се тука.

„Секојдневно реагираме до институциите за опасноста која може да настане, но никој не превзема ништо. Каде и да се обратиме топката се префрла другиот и никој не превзема одговорност за решавање на проблемот, велат нашите соговорници, кои биле сведоци на паѓањето на гранката од дрвото.

„Оваа гранка се скрши пред две недели. Меѓутоа се сеќавам пред три години на сред бел ден се скрши многу поголема крошна. Тоа беше дента кога претседателот имаше прием за Охридко лето. Само што заминаа гостите крошната падна.Замислете што ќе се случеше ако гостите беа тука“, вели Јаким Бакалов – жител на стар град.

И Климент Филев потврува дека никој не реагира на паднатата гранка во дворот на црквата која постојано ја посетуваат туристи.  Тој вели дека на своја рака неодамна го заградил просторот кој претставува опасност, но некој ја отстранил траката.

„Ако се направи пакост ќе дојдат и истражни судии и полиција. Чекаме секој ден да дојдат да го расчистат дворот, зошто децава многу играат овде, а опсано е“, вели Климент Филев – жител на стар град.

ТВМ Стапи во контакт со општинска Комисија за сечење дрва. Од таму не информираа дека уште пред две години на епархијата на црквата издале налог за сечење на ова дрво потенцирајки дека истото е потенцијална опсност за граѓаните. Досега тие требаше да реалираат, велат од комисијата. ТВ М деновиве ќе интервенира кај надлежните со цел да се реши проблемот и да се избегне евентуална опсност.

{loadposition content9}