Skip to main content

„Бабини приказни“ од Сотир Пирузе

Во просториите на центарот за култура „Грирор Прличев“ денеска се одржа промоција на книгата „Бабини приказни“.

kniga
книга
Во просториите на центарот за култура „Грирор Прличев“ денеска се одржа промоција на книгата „Бабини приказни“. Истата ппретставува содржина на раскази по мотиви искажани од Хрисанта, бабата на авторот Сотир Пирузе.

promocija„Поводот за да ја напишам книгата „Бабини приказни“, беше моето присуство на една свеченост каде музичарите свиреа и пееја песни од далечното минато“, вели авторот, Сотир Пирузе. „Тоа ме врати во моето детство, и ме потсети на секојдневијата минати со мојата баба Хрисанта, кога таа тивко ни раскажуваше приказни. Длабоко во мене се врежаа тие зборови и еве денес се преточија во ова мое ново дело“, вели Пирузе.

„Хрисанта беше ќерка на Димитри Пармак, опеан во песната за „Деспина“и „Фанче ојде во Калишта“, продолжува авторот. „Како ќерка на имотен човек, таа беше образована жена, како и останатите нејзини сестри и братот. Сите сеќавања и раскази од тоа време, ги поместив во оваа книга, составена од две приказни „Братска потрага“ и „Стефан Пеливан“, вели тој. „Темелот на приказните, своите корени ги влече од времето на печалбарството, односно како некогаш цели семејства се растурале поради раздвоеноста. Во споредба со тие времиња, она што мене ми беше следен мотив, е денешниот начин на печалбарство“, додава Пирузе.

Досега Сотир Пирузе напишал и издал повеќе книги, како од областа на поезијата така и од прозата. Збирки поезија се: „Огледало“ и „Корени“, а проза: „Волшебната дудулка“ и „Свилена и лебедот“ кои во себе содржат и бајки.

{loadposition content9}