Skip to main content

Следење на светските фармацевтски трендови

Граѓаните во Македонија употребуваат квалитетни и безбедни лекови, изјави првиот човек на Бирото за лекови Илчо Захариев. Во Охрид се одржува петтиот симпозиум на фармацевти, со учество на земји од Југоисточна Европа.

 |  Николовска Биљана  | 
simpozium
симпозиум

Граѓаните во Македонија употребуваат квалитетни и безбедни лекови, изјави првиот човек на Бирото за лекови Илчо Захариев. Во Охрид се одржува петтиот симпозиум на фармацевти, со учество на земји од Југоисточна Европа.  

simpoziumМакедонската фармација во чекор со светската. Ова е заклучок од петтиот симпозиум на фармацевти на Европската асоцијација за генерички лекови насловен како „Европски предизвик за националните регулаторни агенции за лекови и за индустријата на генерички лекови“. Симпозиумот го отвори Министерот за здравство Бујар Османи. Тој истакна дека денес слободно може да се пофали со големиот напредок во нашата индустрија која произведува 80% генерички лекови, гарантирано безбедни и квалитетни.
Првиот човек на Бирото за лекови Илчо Захариев  кажа дека размената на искуства во делот на генеричките лекови и нивната иднина, се доста важни за истите да се применат на нашето поднебје. Тој истакна дека не само што граѓаните во Македонија користат квалитетни лекови, туку истото важи за сите граѓани во Европа. Но нашата земја се соочува со проблемот на фалсификати кој не е застапен само кај нас,  додаде тој.
Производството на лекови кои ќе овозможат максимален квалитет, за минимална цена е поентата на „Алкалоид“, вели Живко Мукаетов генералниот директор на Алкалоид. Тој додаде дека успех е што нивната палета на компатибилни лекови ја има насекаде во светот.
Овој симпозиум е од големо значење заради предизвиците на македонската индустрија на генерички лекови, а со тоа и голем напредок кон пристапот кон ЕУ.

{loadposition content9}