Skip to main content

Кривична пријава за советникот на СДСМ

„Кривичната пријава само по себе не значи ништо. Треба да се докаже“, вели претседателот на ОО на СДСМ.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gorgi Taneski
Ѓорги Танески

„Кривичната пријава само по себе не значи ништо. Треба да се докаже“, вели претседателот на ОО на СДСМ Науме Јованоски, по сознанијата дека СВР Охрид готви кривична пријава за нивниот советник Ѓорѓи Таневски.

Gorgi TaneskiПо најавите дека СВР Охрид подготвува кривична пријава, ОО на оваа партија со свој став. Претседателот Наум Јованоски, вели дека сеуште е рано да се осуди нивниот сопартиец за инволвираност во криминал.

„Во врска со информациите за нашиот советник, ние ќе оставиме органите да одлучат. Секојдневно се соочуваме со апсења…. кривичната пријава сама по себе не значи ништо.Таа треба да се докаже. Треба да оставиме на совеста на советникот дали е така или не“, вели Јованоски и додава: „Ние вчера имавме редовен состанок, но не расправавме за гласините за советникот.Доколку се докаже дека е виновен, ќе заседаваме и ќе излеземе со соодветни мерки“.

Дека криминалот помеѓу видните луѓе и одговорните од полиција цути, веќе подолго време е јавна тајна.  Екологистите од Охрид, за оваа појава одамна се свесни и веќе имаат пратено допис со укажување до Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

„Оваа вест не би сакал да излезе од нашиот град, бидејки недозволиво е за луѓе кои се на позиција да бидат фатени во она што треба тие да го бранат. Пред извесно време, нашето еколошко друштво пушти писмо до г-ѓа Јанкуловска, во кое укажува дека и покрај законската регулатива за забрана на риболов на охридската пастрмка, во рестораните истата се нуди, а некој со тоа профитира“, вели Зороски.

Тој додава дека во дописот предупредуваат и на тоа дека во криминалот со пастрмката се вклучени и луѓе од МВР.

Инаку, ТВМ за овој случај информираше во четвртокот, кога охридскиот советник бил пресретнат од полицијата во водите на Охридското езеро. Наши сограѓани го потврдија овој случај, бидејки биле на лице место, но не сакаа да коментираат пред камерата на ТВМ.


{loadposition content9}