Skip to main content

На хирургија завршија српски државјани

Двајца српски државјани се здобиле со лесни телесни повреди во сообраќајна незгода.

 |  Николовска Биљана  | 
logo
лого
Двајца српски државјани се здобиле со лесни телесни повреди во сообраќајна незгода. Таа била  предизвикана од Никола. Н. Вработен во Завод и музеј Охрид и тоа со службеното возило.

Под дејство на алкохол и со неприлагодена брзина према условите и состојбата на патот, Никола. Н. (55) со службено моторно возило џип „Ландровер“  на ул „Цар Самоил“, предизвикал сообраќајна незгода.  При тоа со лесни телесни повреди се здобиле две лица државјани на Р.Србија, кои веднаш со итна медицинска помош биле пренесени на одделението за хирургија при општа болница Охрид. Портпаролот Сашо Василески вели дека на лицата веднаш им била укажана  потребната медицинска помош.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ја потврди оваа информација и истакна дека по овластување на истражниот судија на лице место е извршен увид. Димовски кажа дека против возачот на службеното возило кое е во сопственост на Завод и музеј ќе биде поднесена соодветна пријава заради алкохолизирана состојба и неприлагодена брзина према условите на патот. Бидејќи незгодата се случила во 20 часот и 10 минути се наметнува прашањето каде некои вработени во алкохолизирана состојба и со службено возило одат на должност.

{loadposition content9}