Skip to main content

Охрид пред се…

Бранислав Трпчевски денеска и официјално не е советник, во советот на општина Охрид,  поради неспоивост со функции. Климе Тренески е новата замена за член на советот на општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
Branislav Trpcevski
Бранислав Трпчевски
Бранислав Трпчевски денеска и официјално не е советник, во советот на општина Охрид,  поради неспоивост со функции. Климе Тренески е новата замена за член на советот на општина Охрид.

sovetniciСо свечена заклетва денес на седмата седница Климе Тренески влезе во членството на советот на општина Охрид.
Подобрување на животот на граѓаните на Охрид, ќе биде главен приоритет за кој ќе се залага новиот советник Климе Тренески. Тој доаѓа на местото од Трпчевски кој после 9 години излегува од советот на општина Охрид. Тренески по квалификација е авто механичар но 10 години работи како приватен стопанственик. Тој вели дека влегува во период кога му се зголемуваат обврските и треба да се одговори на потребите на граѓаните, не само во Охрид туку и на оние во руралните средини.  

„Креирњето на политиката на Охрид, треба да е пред се на сите советници“ изјави екс советникот Бранислав Трпчевски. Тој денеска и официјално на седмата седница излезе од советот, согласно законот поради неспоивост на функции. Трпчевски ќе се посвети комплетно на „Проаква“.

Седниците на советот на општина Охрид, сеуште се сведуваат само на меѓусебни препукувања. Крајно време е да се почне со сериозна работа како би се оправдала довербата добиена од граѓаните.







{loadposition content9}