Skip to main content

Дрва сеуште се крадат

Македонски шуми и министерството за транспорт и врски не кријат дека во Македонија сеуште се крадат дрва.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Македонски шуми и министерството за транспорт и врски не кријат дека во Македонија сеуште се крадат дрва.
конференција„Ситуацијата, за разлика од минатите години, многу се подобри, но овој процес не можеме веднаш да го запреме“, признава,претседателот на синдикатот на шумарство и дрвна индустрија, Живко Митревски.
Во Македонија сеуште масовно бесправно се сечат и крадат дрвја, а со тоа се уништуваат Македонските шуми.„Овие појави во државава сеуште ги има, поради тоа што дрвото како енергенс сеуште има висока цена, вели државниот советник за шумарство и ловство при министревото за животна средина.

„ Со новиот закон за шумарство кадровски го екипираме министрвото. Пред трансформацијата сме на ЈП Македосни шуми, ова во многу ќе помогне во откривање на овој криминал. Сите работници кои беа вклучени во него се суспеднирани“, вели Војо Гоговски државен советник за шумарство и ловство.

И Претседателот на синдикатот за шумарство и дрвна индустрија, не крие дека во Македонија сеуште не може да се сопре процесот на бесправна кражба. Радува фактот што статистичките податоци во делот на поднесени пријави оди кон подобрување на состојбата, вели Живко Митрески.

„ Во Македонија многу ретко да немаме  евидентирано дрво кое излегува од шумите. Процесот на кражба на дрвја не  можеме веднаш да го запреме но моменталните  податоците со кои располагаме, охрабруваат, вели м-р. Живко Митрески, претседател на синдикат на шуматрсво и дрвна индустрија.

Денеска во Охрид се одржа национална конференција за сертификација на шумите во Р Македонија. Оваа средба е организирана со цел анимирање на јавноста и социјалните партнери за отпочнувањето на процесот за сертифокација на шумарството во Р Македонија, вели Митревски.  Тој додава дека се погласно се размислува во производството на дрвото да се имплеметираат социјалните стандарди, примена на колективни договори и примена на соодветни закони.„Со оглед на тоа што очекуваме релативно брзо да влеземе во ЕУ и да ги добиеме преговорите, се надевеме дека многу брзо ќе обезбедиме и основа за извоз на дрво, вели  државен советник за шумарство Гоговски.

На денешната национална конференција покрај челеновите на претседателството на синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Р Македонија учетвуваа и претставници на синдикатите од Шведска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и претствици од владата на Р Македонија, министрвото за финсии, министрвото за животна средина и ЈП Македонски шуми.

{loadposition content9}