Skip to main content

Сотир Филев треба да се брани од слобода

Адвокатот на Сотир Филев, Димитрија Цобовски ја обжали одлуката на кривичниот совет.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ilinden
Илинден
Адвокатот на Сотир Филев, Димитрија Цобовски ја обжали одлуката на кривичниот совет.

Смета дека неговиот штитеник треба да се брани од слобода. И ставот на здруженито на граѓани „Охрид 5 ти септември“ е капетанот да биде пуштен во домашен притвор.

IlindenСотир Филев, да се брани од слобода, тоа го бара неговиот адвокат. Димитрија Цобовски веднаш реагираше на одлуката на кривичниот совет, со што на Филев му се продолжи притворот за уште 30 дена.
Жалбата од адвокатот  Цобовски треба да ја разгледа кривичниот совет, и по истата да се произнесе во рок од три дена.

“Жалбата против решението за продолжување притвор е изготвена и истата ќе биде поднесена веднаш. По неа ќе треба да се одлучи, дали оваа мерка за присуство на обвинетиот останува, или истата може да биде променета “, вели Драган Коровешоски, адвокат и член на здруженито „Охрид 5 ти септември“.

„Кривичниот совет има можност без разлика што истиот ја донел да ја замени со друга, затоа што и таа би му обезбедила редовен терк на истрагата“, вели Коровешоски.

И ставот на здружението е дека судот треба да го прекине притворот на Филевски и тој да биде пуштен во домашен притвор, затоа што оваа мерка која во моментов ја издржува капетанот психофизички влијае на него“.

„Како адвокат сметам дека притворот пречесто се користи и дека оваа мерка е шок за лицето кое е таму“, вели адвокатот Коровешоски..
Инаку капетанот Сотир Филев, веќе ги одлежа 30 те дена притвор кои на предлог на јавниот обвинител му ги изрече истражниот судија. Филев останува во притвор, по одлуката на кривичниот совет, кој веќе му одреди 30 дена и по истекување може  да му додели уште 30 или максимално 60 дена. А за кривични дела кои се товарат за над 5 години, откако ќе се отслужат 90 те дена притвор, во иднина дали истиот ќе се продолжи или не, ќе одлучува апелациониот суд, кој максимално може да му одреди притвор во траење од 90 дена. Капетанот Филев вкупно во притвор според законот може да остане 180 дена.   

ТВМ денеска контактираше со истажниот судија Весна Кичеец, која ни соопшти дека предметот за бродската несреќа со брза пошта го испратила до вештите лица.

„Сега тие треба да се организираат и да превземат конкретни дејствија по истиот “, вели Кичеец.

{loadposition content9}