Skip to main content

Во Охрид експерти од Европа

Тие два дена ќе дебатираат на тема социјален дијалог, како најважен сегмент за подобро утре на работниците.

 |  Николоска Биљана  | 
sindikalci
синдикалци
Тие два дена ќе дебатираат на тема социјален дијалог, како најважен сегмент за подобро утре на работниците.

Одговорните сметаат дека синдикатите во Македонија мора да се обединат заради надминување на алармантната состојба на работниците.

sindikalciСоцијалниот дијалог кај нас не е на високо ниво. Сеуште треба да се апсорбираат знаењата од Европските претставници за прашањата на работниците. За таа цел три дена во Охрид Унијата на независни синдикати  со присуство на европски експерти дебатира на тема „примена на нови технологии и создавање на социјални мрежи за поттикнување на Социјален дијалог во средина каде што постојат поволни услови“. Претседателот на Унијата на независни синдикати, Слободан Антевски, вели дека состојбата во Македонија со синдикатите е маргинализирана и затоа во овој момент социјалниот дијалог во Македонија е најважен. Тој додаде дека досега се покажало декаУнијата не е нечија крпа за бришење.
Охрид е одморалиште од највисок ранг на во Европа според Хенри Аквавива, кој како консултант на Европската организација за прашања на работниците, за прв пат е во Македонија. За состојбата во земјава, Аквавива прочитал од весници, и знае дека животниот стандард е на ниско ниво.
Професор од универзитетот во Шпанија Алфредо Рамирез, вели дека помеѓу Македонија и Шпанија постои паралела во состојбата со работниците. Тој додаде дека Владата мора да им помогне не сите синдикати со цел работниците да имаат подобар живот. Рамирез истакна дека во моментов состојбата со работнците е лоша и имаат слаби услови за живот.  
Она што е новина на Унијата на независни синдикати е отварањето на канцаларии низ Македонија, каде Охрид е влезен во првата фаза. Тоа ќе значи многу за градот во добивање информации од прва рака вели Благоја Ивановски.
Факт е дека од досегашните теоретски сознанија за работата на синдикатите маклу се презентира. Се надеваме дека нивното практичното делување ќе донесе позитивни резултати, велат синдикалците.


{loadposition content9}