Skip to main content

Охриѓани „жртвени јагниња“ на туристичката такса

Туристичката такса, од која 20 посто завршуваат во Министерството за економија, се наплаќа само во Охрид вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
plaza
плажа
Туристичката такса, од која 20 посто завршуваат во Министерството за економија, се наплаќа само во Охрид вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски.

OhridДодава дека охридските хотели и приватни станоиздаватели подлежат на наплата на туристичка такса, a тоа не e случај со останатите туристички центри во земјава. Инаку, податоците  покажуваат дека за 8 месеци годинава во Охрид се остварени  446.194 ноќевања од кои 358.037 ноќевања во хотелите, а 88.157  во  приватните сместувачки капацитети од помал обем. Од хотелите и останатите сместувачки капацитети за 8 месеци, пак   се наплатени 15.380.000 денари, а лани во истиот период биле собрани во општинската каса 14.896.000 денари  додава Танасоски. Од нив 4 до 5 милиони денари ќе се слеат во Министерството за економија, а од тоа Охрид не добива ништо нагласува раководителот на општинскиот инспекторат Танасоски. „Лицата кои издаваат соби на гости плаќаат и персонален данок на добивка и со туристичката такса двапати се оданочуваат. Тоа, пак, не е случај со Струга, Маврово, Дојран, Скопје вели Танасоски. Оваа ситуација мора да се измени,а не  Охриѓани да се „жртвени јагниња“ на туристичката такса, затоа што Охрид не единствен туристички центар во земјава категорично нагласува“ тој.  
Од локалната самоуправа бараат измена на законските прописи кои ќе се однесуваат на туристичката такса, дивите чекачи и туристичките агенции. Предлогот е веќе поднесен до Агенцијата за подршка на туризмот објаснува Танасоски. Со измените ќе се санкционираат нерегистрираните туристички  агенции и „ дивите чекачи“ на улиците и автобуската станица, кои оставаат грда слика за градот, а со намалување на туристичката такса ќе се зголеми уште повеќе наплатата вели Танасоски. „Предлагаме издавачите на соби до 10 легла да плаќаат според категоризација некој паушал, а со тоа наплатата ќе се зголеми повеќекратно, додека од друга страна контролата ќе се зголеми врз поголемите хотелски објекти “  оптимистички најавува Танасоски.
Директорот на Агенцијата заподршка  на туризмот Зоран Стрезоски за ТВМ изјави дека со преставници од локалната самоуправа е разговарано за овие проблеми. Додава потребно е само уште еднаш да се сондира размислувањето на станоиздавателите што наскоро ќе се случи на заедничка средба. „Се согласуваме со потреба од измена на законската регулатива во насока на намалување на  сивата економија“, кажува Стрезоски.

{loadposition content9}