Skip to main content

Охриѓанки за скрининг на дојка патуваат во Вевчани

Охриѓанки за скрининг на дојка патуваат во Вевчани

 |  Валентина Нелоска  | 
echo
ехо
Охриѓанки за скрининг на дојка патуваат во Вевчани

ordinacijaОколу 20.000 Охриѓанки за преглед на дојка мора да патуваат околу 30 километри до Вевчани, велат матичните гинеколози. Специјалистите гинеколози, иако се обврзани од Фондот за здравствено осигурување,  на своите пациентки да им направат скрининг на дојки, тоа не можат да го изведат во Охрид туку ги упатуваат во Здравствен дом – Вевчани, нагласува д-р Томислав Пецаков.
„Најчесто заради високоите трошоци за преглед и пат,
жените над 40 години ретко се одлучуваат да направат контролен преглед на дојка“, додава  д-р Пецаков.
И од општа болница Охрид се согласуваат дека повеќе од неопходен им е апарат за мамографија. Со години наназад не е водена сметка за распределба на тие апарати, потенцира портпаролот на болницата  д-р Сашо Василески,  специјалист по интерна медицина.
Ставот на болницата и на менаџментот е што поскоро да се  набави ваков софистициран апарат.  „Ние сме влезени во програмата на Министерството за здравство за да добиеме мамограф и од следната година ќе го имаме во нашата болница, па секоја жена со гаранција ќе биде уредно прегледана, а тоа е најдобрата превенција и дијагностика за рано откривање на канцер на дојка,“ појаснува д-р Василески.
Она што вчудоневидува е немањето статистички податоци на ново регистрирани случаи на канцер на дојка за минатата година. Републичкиот завод за здравствена заштита располага со податоци за 2006 година. Пред три години, бројката на нови регистрирани случаи на жени заболени од канцер на дојка е 31. Податоците за 2007 ќе се добијат на крајот од годинава, потенцираат од Републичкиот завод за здравствена заштита.

{loadposition content9}