Skip to main content

Климатските промени и Македонија

Унеско се приклучи кон организациите кои изнаоѓаат начини, негативните ефекти од климатските промени да се сведат на минимум.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски

Унеско се приклучи кон организациите кои изнаоѓаат начини, негативните ефекти од климатските промени да се сведат на минимум.

poplavaОдбрамбените механизми кои државите ги предвидуваат се преку намалување на емисии на штетни гасови. Викендов во Парис се одржа 35 тата генерална конференција на УНЕСКО, на неа Македонија ја претставуваше Дејан Паноски.

Климатските промени во центарот на вниманието кај сите меѓународни организации.Комисиите за природни реткости и науки се сретнаа во Парис, на 35 тата генерална конференција на Унеско.  Средбата била со две главни цели, воспоствување принципи човек биосвера, во рамките на програмата МАП, и резулуцијата за справување со климтските промени. „Оваа резолуција беше посебно интересна за малите островски земји, затоа што можат да останат без териоторија“, вели Македоскиот претставник од оваа конференција“, Дејан Паноски.

„Ставот на УНЕСКО, по завршувањето на конференцијата беше, дека оваа меѓународна организации се приклучува кон големата конгломерација на организации кои ќе направат се, Негативните ефекти од климатските промени да бидат сведени на минимум“, вели Паноски.

„За Македонија стручњаците предвидуваат дека ќе влезе во сушните делови, каде ќе има големо влијние за земјоделито пред се, врс економските и социјлните момнти“, вели Паноски.

Одбрамбените механизми државите генерално ги предвидуваат преку намалување на мисии на гасови, затоа што се смета дека така може да се делува на подигнување на нивото на водите и на температурата во одредени делови од земјата. Вториот механизам, без кој не се може е едукација на населението.

Инаку Паноски во недела, Македонија ќе ја претставува во Брисел, каде ќе учествува на редовен состанок на работната група за политики во животната средина. И на овој состанок ќе се дискутира за климатските промени, за реформите во законодавството за рибарство и конвенција за прекугранично загадување на воздухот.

{loadposition content9}