Skip to main content

Билјанини извори добија нов лик

Мислењата поделени. Според едни, новиот изглед привлечен за туристите, според други – изгубена автентичноста на изворите.

 |  Николовска Биљана  | 
statua
статуа

Мислењата поделени. Според едни, новиот изглед привлечен за туристите, според други – изгубена автентичноста на изворите.

Но дали корисникот во сите зафати постапува законски?

Биљанини извориИмено, од пролетта превземени се низа активности, со што ова култно место доби нов изглед. Дел од граѓаните задоволни, но има и такви, кои секојдневно го посетуваат овој локалитет, и се пожалија на узурпацијата на поголемиот дел од тревнатата површина. Бараат од надлежните реално да согледаат што се случува на оваа локација. ТВМ дознава дека на овој локалитет ингеренциите се поделени. Ресторанскиот комплекс Билјанини извори,е времен објект кој не е влезен во катастарска парцела. Од локалната самоуправа, портпаролот Никола Манески вели дека не се работи за никаква узурпација и дека не е направена никаква законска отстапка од страна на општината. На сегашниот сопственик даден му е дел од овој простор, со цел да го уреди, не вклучувајќи го тука делот што не припаѓа на општината.

Одговорниот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, пак зборува за сосема нешто друго. Во случајот со корисникот на просторот кај Биљанини извори, при извршениот надзор  регистрирани се нерегуларности за што поднесен е извештај.
Тој вели дека никој нема да биде поштеден од законската регулатива.

Дали постои узурпација на земјиштето кај Билјанини извори, што е во државна сопственост сеуште чекаме одговор од портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоноски. Иако уредно беше запрашан минатата недела до ден денес од таму молчат. Нашата екипа стапи во контакт и со корисникот на овој локалнитет Климе Василевски.  Нашите прашања дали има договор за закуп или  концесија и дали ги има подмирено сметките за дополнителна урбана опрема, останаа неодговорени. Единствено што казжа Василевски, е дека сеуште е по вратите на релевантните институции чекајќи одобренија и дозволи.

{loadposition content9}