Skip to main content

Доживотно учење

Секторската програма Леонардо Да Винчи три дена во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Во оваа програма учествуват 27 земји членки на Европската унија, 3 земји на ЕФТА-ЕЕА Македонија и Хрватска како земји со кандидатски статус за членство и Швајцарија.

sektorska programaОваа програма има за цел, постигнување ниво на знаење, вештини и квалификација на луѓето во стручното образование и обука, согласно системот во Европа.  Во Охрид учесниците ќе се запознаат со деталите од секторската програма, начините на пријавување, споделување на искуства со други корисници како и со правилата и роковите кои мора да се почитуваат. На семинарските состаноци присуствуваат и тројца експерти од Австрија, кои важат за луѓе со големо искуство вели Љуље Сељази раководител на секторот за образование.
Образовните програми селектирани се во неколку групи согласно целните групи. Леонардо Да Винчи е една од најперспективните програми и обично семинарите се организираат заради поблиски контакти со европските Национални агенции. Средбите се фокусирани на специфична тема во врска со стручното образование и обука, вели Сељази
Леонардо да Винчи  е интегрирана како втора секторска програма во рамките на програмата „Доживотно учење“, која од 2007 година до сега подржана е во 31 држава членка. Организаторите препорачуваат помасовно вклучување во постапката за мобилност, на македонските учесници, со цел да се подобри способноста на работната сила во Македонија преку низа активности.

{loadposition content9}