Skip to main content

Пензионерите сепак активни

Здружението на пензионери од Охрид може да се пофали со низа реализирани активности.

logo
лого

Здружението на пензионери од Охрид може да се пофали со низа реализирани активности.

Gorgi TrpcevskiГодинава која е во одминување ја карактеризираат повеќе значајни активности на здруженијата на пензионери во општините Охрид и Дебарца. Една од носечките активности беше донесувањето на измените и дополнувењето на нов статут на здружението. Овој   статут е усогласен со законските прописи во законот за здруженија на граѓани и фондации и со законот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија Во текот на годинава, согласно програмата за работа, здружанието превзеде активности. „Поради рецесијата која ја зафати земјата воопшто, Здружението на пензионери од Охрид изготви програма за штедење, вели Ѓорѓи Трпчевски“, претседател на ова здружение.

Новитет во работењето на здружението е информирањето на членовите околу законската обврска за подигање на пензии преку трансакциони сметки. „Сето ова кај пензионерите создаде една вознемирувачка состојба, поради фактот што во целост се наруши нивната досегашна пракса за подигање на пензиите. Сепак со помош на нашите месни ограноци, мислам дека успеавме да го  надминеме тој проблем“, вели Трпчевски.

Сепак останува проблемот со онаа група на пензионери кои примањата ги добиваат преку пошта, па се обврзании на дополнителен трошок – поштарина кој изнесува од 90 – 160 денари.

„Продолжуваат недоразбирањата околу поштарината, меѓутоа се надеваме дека ќе го надминеме и овој проблем. Ние како невладина и непрофитабилна организација, составена од 8500 членови, одговорно постапуваме во сите сфери на нашето делување и не оставаме проблемите да не надминат“, велат отаму.

{loadposition content9}