Skip to main content

Позитивна отценка за Македонија во делот за животна средина во извештајот на Европската унија

Делот за животна средина многу значаен сегмент за финалната слика која Европската унија ќе ја добие за нашата земја. „Најкомплициран е делот кој се однесува на прекугранично и историско загадување“, вели Дејан Паноски преставник од министертсвото за животна средина.

 |  Татјана Маленкова  | 
Dejan Panoski
Dejan Panoski

Делот за животна средина многу значаен сегмент за финалната слика која Европската унија ќе ја добие за нашата земја. „Најкомплициран е делот кој се однесува на прекугранично и историско загадување“, вели Дејан Паноски преставник од министертсвото за животна средина.

Ohridsko ezeroМакедонија треба да го подигне нивото на админитстративни капацитети за управување со животна средина без разлика дали е на национално или локално ниво, стои во извештајот на Европската унија, во делот за  животна средина.

„Извештајот е реален и отсликува се што моментално влијае на неа.  Во него највпечатливи се неколку елементи од аспект на транспонирање на европското законодавство на Р Македонија, кои се однесуваат на делот на животната средина“, вели Дејан Паноски од Министертсвото за животна средина.

Генерално заклучокот е дека во Македонија има позитивен напредок затоа што целиот процес на транспонирање на законодавството во националното е успешен. Македонија во однос на животната средина релативно добро котира. Експертите посочуваат на поважни проблеми за кои треба многу посериозно да се работи во наредниот период „вели Пановски.

Во областа на животната средина како на државно, така и на локлано ниво, Македонија сеуште не постигнала квалитетно ниво на административни капацитети.

Преговорите  се процес што трае.  Во нив ќе се укажува на недостатоците кои ги има одредена област и за кои Македонија ќе преговара.

„Веруваме дека нотирани се проблемите околу животната средина. Во иднина ќе треба многу да се работи на административни капацитети на човечките ресурси. Факт е дека нити на државно нити на локално ниво немаме такви ресурси кои во овој момент ќе можат да одговорат на се она што ќе се побара низ самите преговори“, вели Паноски.

Забелешките што ни се посочени со извештајот говорат дека ние легислативно знаеме што треба да превземеме во областа на животната средина, меѓутоа имаме реален проблем со имплементацијата додава Паноски.