Skip to main content

„Опсесија“ – љубов преточена во поетски ѓердан

„Опсесија“ е најновото поетско дело на Вера Маркулева Поповска.

Opsesija
Опсесија

„Опсесија“ е најновото поетско дело на Вера Маркулева Поповска.

promocijaОпсесија, нов поетски повод,  ново дело на Вера Маркулева Поповска. Самиот наслов посочува на обземеност со мисли и идеи, љубов преточена во поетски ѓердан. Авторот сета енергија во своето ново послание ја дели на три љубовни области: љубов кон животниот сопатник, љубов кон Охрид и Македонија и  воопшто љубов кон поколението кое сепак ја прави најсреќна. „По пауза од две години по објавувањето на своето последно дело, Маркулева го менува курсот во пишувањето. Во најновиот поетски простор, таа е далеку пстрога во стилот, подлабоко влегува во силината на зборот, често се служи со симболизмот, повеќезначноста на мислата и пораката“, вели Милчо Јовановски, промотор на делото Опсесија.

„Замислите за нешто имагинарно, измислено и идеално, љубовта кон се она околу нас и со нас, е тематиката на моето ново дело“, вели авторот Маркулева Поповска.

По трите објавени книги: „Надежи“, „Поглед кон светлината“, и „Езерски немири“, Маркулева продолжува да пишува со исто темпо. Во своето најново дело Опсесија, со сиот раскош таа ги открива сите свои желби и стремежи насочени на повеќе страни во животот. Тие обединети во едно откриваат само еден мал дел од нејзината поетска душа.

{loadposition content9}