Skip to main content

Нема базен!

Наместо бесплатен базен охриѓани сепак ќе добијат трговски центар со катна гаража, фитнес центар, ресторан и други комерцијални услуги.

 |  Николовска Биљана  | 
DUP
ДУП

Наместо бесплатен базен охриѓани сепак ќе добијат трговски центар со катна гаража, фитнес центар, ресторан и други комерцијални услуги.

Branko ArnaudovИ по две недели од одржувањето на јавната анкета за Деталниот урбанистички план кај спортскиот центар Билјанини извори, не стивнуваат реакциите на граѓаните кои дирекно се засегнати со нерешените имотно правно односи во тој дел. Нивните настојувања беа во насока да добијат одговор од надлежните, што е зацртано во навидум празниот Предлог детален урбанистички план за овој дел.

Најсериозен проблем кој се наметна беше изградбата на пливачкиот базен. Спорната локација, за која не успеаа да се договорат надлежните на локално и централно ниво се рефлектира дирекно врз охриѓани. Градот кој е лулка на пливањето  сеуште нема затворен базен.

Бранко Арнаудов-раководителот на секторот за урбанизам во врска со овој проблем кажа дека состојбата е надмината, бидејќи постојано се во комуникација со Владата и Агенцијата за млади и спорт.

Тоа што локалната сега е во добра комуникација со Владата не значи и добивање на втора шанса за базен. Рецесијата си го направи своето и ограничените средства не дозволуваат годинава нов тендер за олимписки базени финансирани од Владата. Дали затаи секторот за урбанизам или изготвувачот на проектот „ИМПУМА“ од Скопје, или пак предизборните политички надмудрувања се причина плус, веќе не е ни така важно. Локалната останува со грижа на совест.

Од Агенцијата за млади и спорт надлежна за распишување на нов тендер за базен воздржани се од коментар додека официјално не го видат новиот ДУП.
Единствено што се знае е дека за нови инвестиции за пливачките базени ќе се размислува во 2011-2012 година доколку се надмине состојбата со рецесијата.

Останува фактот дека поради одолговлекувањето на новиот ДУП за спортскиот центар, Охрид не беше меѓу општините кои што минатат година на тендер добија олимписки базени од Владата.

{loadposition content9}