Skip to main content

Советниците и по деветти пат брзи

На деветтата седница на советот на Општина Охрид, наместо предвидените 19 точки од дневниот ред, се сработија само 7.

pretsedatel na sovet
претседател на совет
На деветтата седница на советот на Општина Охрид, наместо предвидените 19 точки од дневниот ред, се сработија само 7.

sednicaДенешната деветта седница на совет на Општина Охрид помина речиси експресно. Со мали измени на дневниот ред и неколку предлог одлуки, советниците за речиси неполн час, завршија со работа. Од предвидените 19 точки за днешниот дневен ред, по предлог на претседателот на совет Душко Јаковчевски, кој беше со мнозинство прифатен, поминаа само 7 точки. Дополнително беше поднесено барање од страна на советникот Јоне Станкоски од пратеничката група на ВМРО Народна партија до градоначалникот и општинската администрација. Предлог барањето се однесува на прашањето колку средства досега се вложени во инфраструктура на трафостаници и колку од нив се на општинско земјиште. „На ова не поттикнаа проблемите кои во изминатиот период настанаа помеѓу Јавните претпријатија, Општина Охрид и ЕВН“, посочи Станкоски.

На предлог од Градоначалникот Петрески, а по повод подготвената локална урбанистичка планска документација, беа вметнати неколку точки на денешниот дневен ред.

По предлог одлуката за отстапување на правото на градба на ул. Железничка, со кратка забелешка се произнесе преседателот на ВМРО ДПМНЕ, Борче Сефаноски.

Во склоп на денешната деветта седница се прифати предлогот од страна на советникот за образование, Митре Вељаноски, за одржување на добротворен концерт на пијанистот Симон Трпчевски. Концертот ќе биде одржан по повод 7ми ноември, денот на државноста на Охрид како и 65 год. од ослободувањето на градот. Наредната седница на советот на Општина Охрид, закажана за 15тина дена.

{loadposition content9}